| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешното момче на Емина сѐ уште ја чува тетоважата со нејзиното име

Наследникот на бизнис-империјата „Делта“ и еден од најбогатите Срби, Марко Мишковиќ, сѐ уште ја чува тетоважата со името на неговата поранешна љубов, босанската пејачка и дел од жирито на „Икс-фактор“, Емина Јаховиќ.

Мишковиќ и Јаховиќ ја раскинаа својата љубовна врска уште пред седум години, а таа сега е омажена со турскиот актер и пејач Мустафа Сандал, со кого има две деца.

243206_emina-jahovic-04-foto-public-braca-nadezdic-ultramarin_ff

Српскиот бизнисмен на својата нога го има истетовирано нејзиното име на хебрејски јазик, тетоважа која ретко кој знае дека ја има.

– Љубовта меѓу Марко и Емина беше голема, толку се сакаа што никој не можеше да застане меѓу нив двајца. Колку Марко беше заљубен во неа потврдува и тоа што се реши да го истетовира нејзиното име на ногата. За оваа тајна на младиот Мишковиќ знаат само неговите најблиски пријатели и, се разбира, Емина. Тоа е лукава тетоважа, напишана е на хебрејски, личи на цртеж, а, всушност, крие една голема љубов – вели негов близок пријател за „Ало“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top