Проруските сепаратисти во Донецк тврдат дека на референдумот, кој се одржа на нивна иницијатива, дури 89 проценти од гласачите се изјасниле за отцепување на тој регион од Украина.
Претставник на сепаратистичката изборна комисија, Роман Љагин, им рекол на новинарите дека 89,07 проценти гласале за отцепување, 10,19 проценти биле против, а неважечки биле 0,74 проценти од гласовите.
Резултатите од гласањето за отцепување во Луганск не се познати, но и таму се очекува голема поддршка на иницијативата.
Украина го нарече референдумот „криминална фарса“ која ја организира Русија, а со нејзиниот став се согласуваат и Европската Унија и САД, кои изјавија дека гласањето е илегално и противуставно.
Сепаратистите тврдат дека во градот Красноармејск Украинците убиле двајца нивни припадници. Освен тој непотврден инцидент, референдумот минал мирно, јавуваат западните медиуми. Во повеќе градови во регионите било одбиено да се спроведува гласањето.
Референдунот се одржа и покрај повикот на рускиот претседател Владимир Путин да се одложи изјаснувањето на граѓаните со цел да се создаат услови за дијалог.
Официјална Москва засега не ги коментира резултатите од гласањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина