Делегатите на конгресот на СДСМ вечерва изгласаа доверба и за заменичката на Заев, Радмила Шекеринска. Додека за Заев гласале 413 делегати, а против 176, за Шекеринска гласале 386, додека 203 делегати гласале за недоверба кон неа.
Во текот на денешниот конгрес, како што се дознава, кандидатот за претседател на државата од таа партија, но и нов кандидат за лидер на партијата, како што го посочуваше и Бранко Црвенковски, се колебал околу тоа дали да ја прифати функцијата. Во меѓувреме, Заев ги убедувал делегатите дека во натамошното дејствување ќе ги следи токму насоките каде што застана Црвенковски, пред Заев да го замени. Токму тоа бил и разговорот со Гордан Георгиев надвор од салата (регистриран и од медиумите), кој заедно со Есад Рахиќ и Митре Вељановски беше меѓу најгласните што бараа смена на лидерската позиција.
Со тоа што вечерва повторно му е укажана доверба на Заев, значи дека тој ги убедил делегатите, но и дека презел обврска кон нив доследно да се држи до насоката на Црвенковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.