Меѓу илјадниците лица по кои трага Интерпол, се наоѓаат и 14 Албанки, поголемиот број од нив заради меѓународна трговија со дрога.
Најкарактеристичен случај е оној на Лижјета Жара(60) од Валона, која е осудена во отсуство. Втора по возраст е Цетина Зајми(56) од Тирана која се бара за измама. Посебен случај е и оној на Верѓинуш Ферхат(47) од Корча која се бара за сериозни неморални дејствија. Се бара и Орнела Чела(Булај) за измама на работа и пирамидална штедилница.
Меѓу оние кои ги бара Интерпол е и Албанка родена во Германија. Станува збор за Алики Буртатзи(47) родена во Лајпвиг а се бара за шверц со оружје и муниција. За убиство во специфични услови се бара и Зулфије Хаклај (50). Најмладата Албанка која ја бара Интерпол е на триесетгодишна возраст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


