| четврток, 6 декември 2018 |

„Гугл“ ќе ја рекламира Македонија

gugl mkd2Македонија ќе се рекламира на најпознатиот интернет пребарувач „Гугл“. Генералниот секретаријат во хрватското претставништво на „Гугл“ веќе склучил договор вреден 31,6 милион денари или 514 илјади евра, пренесе  Канал 5.

Договорот вчера бил објавен од  Бирото за јавни набавки, а склучен е на крајот на јануари, со што туристичките убавини на Македонија ќе се промовираат 12 месеци.

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев за „Канал 5“ вели дека принципот ќе биде фаворизирање клучни зборови кои ќе ја исфрлаат Македонија меѓу првите резултати од пребарувањето.

gugl mkd3Работна група, заедно со министерот Иво Ивановски, веќе утврдила листа на клучни термини. Листата е испратена во хрватското преставништво на „Гугл“, за неколку месеци се очекува  реализација.

„Гугл Хрватска“ ДОО според податоците на Бирото за јавни набавки е избрана во постапка со преговарање.

„Гугл“ ќе ѝ донесе на Македонија гости, ова е уште еден начин на промоција на земјава што го форсира Владата. Според Ѓорѓиев, „Гугл“ е најголемата пребарувачка машина во светот што ја користат сите и се очекува на таков начин многу поголем број луѓе да дојдат до сознанија за Македонија и голем дел од нив да дојдат и да ја посетат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top