| четврток, 6 декември 2018 |

Украдени икони во Галичник

ikoni klucНепознати сторители насилно влегле во двете цркви „Св. Петка“ и „Св. Петар и Павле“ во селото Галичник и украле четири икони (три на платно и една на дрво), информираат од СВР Тетово.

Кражбите во полициското одделение ги пријавил М.А. по што бил звршен увид. Провалниците во црквата „Св. Петка“ влегле со насилно отварање на еден од прозорците. Во црквата „Св. Петар и Павле“, пак крадците делувале на влезната врата, кршејќи ги бравата и катанецот. Покрај две икони оттаму одзеле и 600 денари.

Полицијата подигнала извесни траги и работи на откривање на сторителите. Двата верски објекти биле под видео надзор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top