| четврток, 6 декември 2018 |

Обама ќе се ангажира да го реши името, за Скопје да не стане Украина?!

obama gruevskiЗа да не стане Скопје Украина, Обама го решава прашањето за името и ја внесува земјата во НАТО – под овој наслов,
грчкиот неделник Епикера, ексклузивно објавува сценарио според кое Вашингтон директно се вклучува, притиска и
очекува решение до септемврискиот самит во Велс. Според Епикера, САД, веќе ја предупредиле Атина и на дипломатско и на политичко ниво,аза затворање на 20 годишниот спор, имаат 3 причини:

1. Постои проширувањето на Алијансата.
2. Случувањата во Украина и новата студена војна Русија –Запад наметнуваат реконструкција на НАТО и демонстрирање единство и сила. Според дипломатски извори, за интеграцијата на Скопје и проширувањето на НАТО ќе се вклучи лично американскиот претседател, развој на настаните кој ќе биде особено непријатен за господата Самарас и Венизелос, бидејќи вклучувањето на Обама ќе ја повлече целата американска администрација и други странски лидери.

3. Вашингтон нема никаква чувствителност за името, доволно му е само да се затвори спорот – објавува тиражниот неделник, во како што пишува ексклузивната анализа, и објаснува дека Австрија, Франција, Турција, скандинавските земји и многу други поддржуваат членството на Македонија во НАТО и започнување пристапни преговори со ЕУ.
Целиот план, според „Епикера“, стапил во сила уште од минатиот ноември, а пораките од американската администрација во Атина ги пренеле гостите од САД на средбите со грчкиот државен врв, меѓу кои и министерката за трговија, и помошникот државен секретар за надворешни работи Викторија Нуланд.

Извор: Канал 5

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top