Хавиер Занети е жива легенда на италијанскиот, европскиот и светскиот фудбал, вистински пример за професионалец и играч посветен на еден клуб, фудбалер на кој парите не му се пресудни за тоа чиј дрес ќе го носи.
Капитенот на Интер синоќа против Лацио го одигра последниот меч на „Џузепе Меаца“, а следната недела на гостувањето во Верона против Киево за него ќе биде последниот натпревар во „сино-црниот“ дрес.
Аргентинецот 19 години го носеше дресот на тимот од Милано, се менуваа играчи, тренери, времето леташе, се менуваше и албумот за сликички „Панини“, но Хавиер Занети никогаш, остана еден и единствен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.