| четврток, 6 декември 2018 |

Почина генерал Мартин Шпегељ

martin-500

Поранешниот хрватски министер за одбрана, пензионираниот генерал Мартин Шпегељ, почина на 87-годишна возраст, јавија хрватските медиуми.
Во првата половина на 80-те години на 20-от век Шпегељ беше командант на Територијалната одбрана во Хрватска, а во 1985 година ја презеде командата над Петтата армиска област на некогашната Југословенска народна армија (ЈНА), чие седиште беше во Загреб.

По првите повеќе партиски избори во Хрватска стана министер за одбрана, но беше принуден да поднесе оставка на функцијата во мај 1991 година, по објавувањето на тајно снимените преговори за купување на оружје на црно за потребите на идните вооружени сили на Хрватска.

Неколку месеци по напуштањето на министерската функција, Шпегељ е именува за главен инспектор на новата Хрватска војска, должност на која останува до пензионирањето во 1993 година.

Шпегељ е роден во 1927 година во местото Стари Градец близу Вировитица. Во 1942 година заминува во партизани, а по завршувањето на Втората светска војна останува во ЈНА како активно воено лице. Се школувал на Високата воена академија и Борбената школа на ЈНА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top