| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжуваат партиските трансфери – членови на ЛДП се селат во ДОМ

Две општински организации на ЛДП од Крива Паланка и Илинден преминале во ДОМ. Причините за преминувањето, како што објаснува партискиот портпарол Тони Ристов е не согласувањето со политичките состојби во ЛДП и во нивниот колиционен партнер од Сојузот за иднината, СДСМ.
Поранешниот претседател на ЛДП од Крива Паланка д-р Светимир Николовски вели дека тој и неговата партија не ги оправдува уличната демократија и другите форми кои ги преферираат Сојузот за иднината и затоа „по долго размислување и договарање испративме писмо со барање до Централата на ЛДП дека ваков начин не одобруваме и несакаме да учествуваме во ваквите начини на дејствување на отпорот“.
Отако не наишле на поддршка од централата на партијата решиле заедно со голем број од моите сопартијци да преминат во редовите на ДОМ.

Основната причина поради која ја напуштам ЛДП е несогласување со коалицијата Сојуз за иднината, потоа практикувањето на уличната демократија со која мислам Македонија се оддалечува од интеграционите процеси и влегувањето во НАТО и Европската Унија, а зашто преминувам во ДОМ мислам дека практикувањето на демократија што ја спроведува ДОМ се совпаѓа највеќе со моите лични ставови за демократија. Мислам дека демократијата се води во институциите, а не на улиците – рече Марјан Цветковски, поранешен член на општинското раководство на ЛДП од Илинден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top