| четврток, 6 декември 2018 |

Бомба во дискотека во Босна, 32 повредени

racna-bomba
Најмалку 32 лица се повредени во текот на минатата ноќ при експлозија на бомба во дискотека во градот Велика Кладуша во северозападниот дел на Босна и Херцеговина, јави Танјуг.

Според полицијата на Унско-санскиот Кантон, лице, кое е меѓу ранетите, во 3:30 часот фрлило експлозивна направа во дискотеката „Екс“ во Велика Кладуша.

Во полициското соопштение се посочува дека при експлозијата нема загинати и дека сите ранети лица се пренесени во болницата во Бихаќ. Еден од ранетите се наоѓа во критична состојба.

Мотивите за предизвикувањето на експлозијата засега не се познати. Сторителот на ова дело и порано извршувал разбојништва, а неодамна бил пуштен од затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top