| четврток, 6 декември 2018 |

Баерн Минхен славеше, Пеп Гвардиола избањат со пиво (фотогалерија)

Баерн Минхен ја доби популарната „салатара“. Иако одамна ја освоија шампионската титула, сепак старо-новиот првак на Германија Баерн Минхен вчера по мечот со Штутгарт (1:0) на „Алијанц Арена“ го прослави големиот успех. Со оглед на тоа дека последниот натпревар од оваа сезона го играа на домашен терен, Баварците одлучија главната прослава да биде по мечот со Штутгарт.
Откако ја добија популарната „салатара“ следуваше добро познатото „туширање“ со пиво, а најмногу настрада тренерот Пеп Гвардиола кој во неговата прва сезона на клупата на германскиот тим ја освои шампионската титула.Доцна синоќа се славеше низ улиците на Минхен, а ова за Баерн е 24 шампионска титула.


Фото: ЕПА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top