| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе остане ли Заев?! Сопартијците денеска ќе му судат

pendarovski i zaev secerinska 1 (Custom)

СДСМ денеска ќе го оддржи 18-от конгрес. Откако партијата одлучи да не ги прифаќа мандатите по последните парламентарни иззбори, на кои освоија само 34 пратенички местљ ќе се гласа за довербата за лидерот Зоран Заев, за заменик потпретседателката Радмила Шеќеринска и за целото нова раководство кое ја презема партијата пред само 10 месеци.

Во партијата врие. Пред неколку дена се огласи поранешниот лидер Бранко Црвенковски, кој го поддржа бојкотот, но нагласи дека Заев мора да замине. Предложи идниот лидер да биде Пендаровски. Заев пак изјави дека знае дека многумина негови партиски колеги не работеле во интерес на партијата. Зборуваше за незадоволни во партијата кои работеле против него, како на пример Горан Минчев, Андреј Петров, Ана Павловска Данева, Јани Макрадули…

Дали Заев ќе остане на лидерската позиција и какви чекори ќе преземе партијата откако одлучи да излезе од Собранието ќе се знае на денешниот Конгрес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top