| четврток, 6 декември 2018 |

Утре – вистински летен ден

Сабота помина во знакот на променлива облачност и понекоја ситна капка дожд, но недела носи вистински летен ден. Ќе преовладува сончево време со сосема слаб ветер, пренесува „Метеопро“.

Минималната температура во поголем дел од Македонија ќе се спушти до вредност околу 9°С долж повардарието, и околу 7°С  во останатите котлини

Максимална температура .околу 26°С се очекува во поголемиот дел од населените места низ земјава. Југот на повардарието очекува максимални 28°С.

Во Скопје се очекува пријатно и претежно сончево време. Минималната температура ќе се „спушти“ до 10°С. Дневниот максимум на температурата ќе достигне до 26°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top