| четврток, 6 декември 2018 |

Прага маршираше за легализација на марихуаната (ФОТО)

По седумнаесетти пат во Прага, денеска се одржа марш за легализација на марихуаната во кој учествуваа повеќе илјади лица, јави дописникот на МИА.

Организаторите во уводниот говор упатија критики поради „упорната бесмислена репресивна политика кон одгледувачите и корисниците на марихуана“ како и „неможноста да се користи канабисот за медицински цели“, иако од април минатата година со Закон тоа е дозволено.

Во поворката учествуваа главно млади луѓе, од кои некои пушеа марихуана, а кои симболично носеа бели и зелени балони.

Според годишниот Извештај за состојбата на употреба на наркотици, во Чешка се уште најчесто се користи марихуаната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top