| четврток, 6 декември 2018 |

Затворена месарата на Џејми Оливер – во месото пронајден измет од глушец

Популарниот британски готвач Џејми Оливер, покрај неговата емисија за готвење, неколкуте напишати кувари и многу проекти за промовирање на здрава, а вкусна храна, е сопственик и месарата „Барбеко“, која испорачува месо на најелитните ресторани во Лондон.

Сепак, санитарната инспекција вчера стави клуч на месарата откако при рутинска проверка пронашле трагови од глувчешки измет во месото.

Инспекторите, исто така, констатирале и валкани фрижидери и персонал, како и неколку парчиња месо кои не биле во соодветен пакет.

Џејми Оливер веднаш се обрати на јавноста, потенцирајќи дека доброволно ја затворил месарата и дека работат на подобрување на условите со цел што е можно поскоро реотварање.

v2-Jamie-Oliver

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top