| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Верификувањето на мандатите е согласно Уставот, законите и Деловникот

Целокупната постапка на верификација на мандатите на пратениците на денешната конститутивна седница на новиот состав на Собранието на Република Македонија, е во согласност со Уставот, законите и Деловникот на Собранието,
наведува ВМРО-ДПМНЕ во пишаната реакција на денешната изјава на Реаната Дескоска од СДСМ.

– Мандатите на пратениците го даваат граѓаните на Македонија, а на Собранието му е уставна обврска тоа да го верификува. Доколку избраните пратеници од СДСМ и нивните коалициони партнери сакаат да си поднесат оставки од пратеничките функции, никој не им пречи тоа да го направат согласно Уставот, законите и Деловникот, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува СДСМ на рационалност и одговорно однесување.

– Потребно е да престанат да се однесуваат како мали деца, да внесат разум во својата работа и политичко делување и да ја прифатат одговорноста кои сами ја бараа на изборите и ја добија од граѓаните на Република Македонија. Се друго е неодговорно и несериозно однесување, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top