
На седумкратниот шампион во формула 1, Германецот Михаел Шумахер му претстои нова битка во животот кога целосно ќе излезе од кома. Тој ќе мора одново да учи некои основни животни функции – да јаде, да оди, да зборува… Ова го потврди Питер Хачинсон, професор на Универзитетот во Кембриџ.
– Шумахер се враќа во свет каде се ќе биде сменето. Тој ќе се врати во реалноста на која не е навикнат. Тој веќе никогаш нема да биде истиот – тврди извор близок до поранешниот возач.
Седумкратниот шампион во Ф1, се наоѓа во вештачки предизвикана кома веќе 133 дена, а неодамна неговата менаџерка изјави дека Германецот повремено доаѓа при свест.
-Тоа не е како кога некој ќе запали светло и пациентот знае се за она што се наоѓа околу него. Тој веројатно ќе се врати во свет кој не го познава, изјавил професорот Хачинсон.
Со ваквата изјава, Хачинсон само ги потврдил неодамнешните пишувања на германските медиуми.
-Шумахер ја победи смртта. Но, и натаму му претстои борба за живот. Михаил се враќа во свет во кој се е сменето. Тој ќе мора да пронајде пат и да се избори со новите услови, новите потреби, да научи основни вештини. Шумахер ќе мора повторно да учи како да јаде, да зборува, да оди. Можеби ништо веќе нема да му биде лесно како порано, вели докторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова надеж за семејството, Шумахер се селат на Мајорка
-
Животот со глава се плаќа во мандатот на Филипче: Родилка во кома хоспитализирана на геријатрија
-
Серена Вилијамс му пиша на македонскиот тенисер: „Луѓе како тебе ме инспирираат“
-
Продадоа авион за да ги исплатат трошоците за лекувањето – семејството на Шумахер се уште се бори за него


