| четврток, 6 декември 2018 |

Неизвесно одржувањето на орото за Гинис

oro za ginis
Иако сè беше подготвено за настап во најбројното и најдолгото оро на светот, кое треба да биде 18 километри и 400 метри долго, сепак културно-уметничките друштва од Кичево, но и од повеќе градови од земјава, нема да бидат дел од овој спектакл, а причината лежи во немањето превозни средства за патување до охридско-струшкото крајбрежје,  пишува „Нова Македонија“.
Нашите повеќедневни подготовки за настап во орото за Гинис сепак ќе останат попусти, бидејќи иако организаторот на оваа манифестација вети дека ќе имаме обезбеден превоз, сепак во последен час, дури минатата вечер, нè известија дека поради откажување на превозниците не можат да ни обезбедат превоз до Охрид и назад, со што е пропуштена приликата да се запишеме во книгата за Гинис – револтирано за „Нова Македонија“ изјавува Зоран Јовески, претседател на КУД „Младост“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top