| четврток, 6 декември 2018 |

До крајот на 2014 година интернет ќе користат три милијарди луѓе

online-shopping

До крајот на 2014 година интернет ќе користат близу три милијарди луѓе, односно 40 отсто од светската популација, се наведува во извештајот на Меѓунаордната телекомуникациска унија на Обединетите нации. Исто така бројот на корисници на мобилен интернет ќе достигне цифра од 2,3 милијарди.

Според објавените податоци, три од четири лица во Европа ќе користат интернет до крајот на 2014 година,   како и два до три Американци, а во Азија еден од тројца ќе сурфаат на интернет. Бројот во Африка ќе изнесува еден од пет лица кои ќе бидат онлајн.

Се очекува во светот седум милијарди корисници на мобилни телефони, а дури 100 милиони помалку претплатници на фиксната телефонија.

Стручњаците истакнуваат дека во наредните години скоро секој човек на светот ќе користи интернет.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top