| четврток, 6 декември 2018 |

Која е брадестата пејачка на Евровизија?

кончита

На Кончита Вурст, австрискиот претставник на Евровизија во Копенхаген чие финале ќе се одржи вечерва никој не остана рамнодушен на настапот.

Претставникот на Австрија не бил отсекогаш жена во тело на маж, но на оваа идеја дошол пред неколку години, кога размислувал како да го смени својот перформанс. Кончита е родена во 1988 година, како Томас Нојвирт. Пред да одлучи да започне да се занимава со музика облечен како жена, ова момче снимало реклами како маж.
Ниту во својата не наишол на позитивен прием кај луѓето, меѓутоа, неколку години подоцна, станал еден од најомилените пејачи во Австрија.
Во 2012 година, ова момче облечено како жена, за прв пат се обидел да дојде до Евросонг, но во финалето завршил како второпласиран.
На Фејсбук се појавила група која отворено говорела дека не ја сакаат Кончита за претставник, но сепак тоа не влијаело тој да ја претставува Австрија.

Делегациите на Русија и Белорусија дури побараа дозвола од организаторот на Евровизија, настапот на брадестата пејачка да биде забранет за емитување на јавните сервиси на овие земји, затоа што, како што велат, во прашање е нешто што не е природно.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top