| четврток, 6 декември 2018 |

Нови случаи на заболени од мали сипаници

lekari

Сѐ уште има новозаболени од мали сипаници, односно морбили во Македонија. Во овој месец се регистрирани десет новозаболеми, а од 24-ти март, кога беше прогласена епидемија на морбили во Скопје, па досега регистрирани се 107 случаи на заболени со мали сипаници.

Од вкупниот број заболени 63 лица, односно 58,8 отсто се возрасни над 20 години, а 36 се деца помали од една година, што значи дека не се заболени деца што не подлежат на вакцинација. Повеќето заболени не се воопшто вакцинирани.

И натаму останува да важат претходните мерки за заштита, односно невакцинираните да се вакцинираат и да се изолираат болните кои се заразени со мали сипаници. До крајот на април службите за вакцинација при Здравствениот дом Скопје вакцинирале 131 дете на возраст од 6 до 12 години и 49 деца на возраст од 6 до 9 години, кои не биле вакцинирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top