Српскиот портал Телеграф.рс дојде до видео снимка на која јасно се гледа како во зоолошката градина во Белград волк нападна мало девојче гризејќи ја за раката и грбот. Иако јакната успеала да послужи како одредена заштита од оштрите заби на животното, сепак девојчето се здобило со повреди на грбот, по што веднаш било хоспитализирано на одделението за пластична хирургија на Детската клиника во Тиршовој.
– Волонтерката која била одговорна за волкот се наоѓала во делот на зоолошката кој бил ограден со жица за посетителите. Тука таа си играла со животното и му фрлала топка од кога наеднаш во еден момент тој од зад грб дотрчал кон девојчето и го нападнал и го зграпчил за јакната – изјавил директорот на белградската зоолошка Вук Бојовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.