Директно од воената парада во Москва, рускиот претседател Владимир Путин замина за Севастопољ на Крим за да присуствува на тамошното одбележување на Денот на победата над фашизмот.
Ова е прва посета на Путин на Крим откако на 21 март го потпиша договорот со кој полуостровот и Севастопољ се припојуваат кон Руската Федерација.
Оваа посета на рускиот претседател доаѓа во момент кога расте напнатоста помеѓу Западот и Русија поради ситуацијата во Украина.
Путин денеска го поздрави припијувањето на Крим кон Русија и истакна дека тоа е историска вистина.
– 2014 година ќе влезе во историјата како година кога народот што овде живее цврсто одлучил да биде заедно со Русија, што ја потврдува неговата лојалност кон историската вистина – им порача Путин на насобраните жители на Севастопљ.
Тој додаде дека има уште многу работи да се направат, но дека ќе бидат надминати сите тешкотии бидејќи сега се заедно.
– А заедно сме посилни-додал рускиот претседател, пренесува „Франс прес“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.