| четврток, 6 декември 2018 |

Утре конститутивна седница на новиот состав на Собранието

 

sobranie-na-rm-640x360Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски потпиша Решение за свикување конститутивна седница на осмиот состав на Собранието на Република Македонија за утре, сабота (10 мај 2014 година) во 13,00 часот.

Според официјалните конечни резултати на ДИК од предвремените парламентрани избори одржани на 27 април, во идниот состав на Парламентот треба да седнат 61 пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, 19 од ДУИ, 7 од ДПА и 1 од ГРОМ.

Опозицијата предводена од СДСМ освои 34 мандати, но одлучи да ги врати и да не учествува во новиот собраниски состав.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top