| четврток, 6 декември 2018 |

Политиката на грчката држава кон „непостојното“ малцинство – Доверлива „белешка“ на Филипос Драгумис (1962)

Во те­кот на спро­ве­ду­ва­ње­то на „по­себ­ни­те про­гра­ми“ (1958-1963), чи­ја­што цел бил ко­неч­но ре­ша­ва­ње на „не­по­стој­но­то“ ма­ке­дон­ско пра­ша­ње во Гр­ци­ја, осо­бе­но вни­ма­ние се при­да­ва­ло на ја­зич­на­та аси­ми­ла­ци­ја на ет­нич­ки­те Ма­ке­дон­ци

Istorija85-1

… продолжение (претходниот текст)

 

Во 1959 го­ди­на во исто­ри­ја­та се за­бе­ле­жа­ни зак­ле­тви­те на жи­те­ли­те на три ма­ке­дон­ски се­ла (Тре­ме­но, Лу­до­во и Кра­пе­шти­на), ко­га Ма­ке­дон­ци­те, пред Биб­ли­ја, би­ле при­ну­де­ни да се отка­жат од го­во­ре­ње­то на мај­чи­ни­от ја­зик. Вли­ја­ни­е­то на др­жав­ни­те ин­сти­ту­ции во овие це­ре­мо­нии би­ло не­сом­не­но, впро­чем це­ла­та ор­га­ни­за­ци­ја, иде­ја, кон­тро­ла и спро­ве­ду­ва­ње би­ло нив­но де­ло. Овој фе­но­мен, иа­ко кра­тко­тра­ен, по­доц­на се транс­фор­ми­рал. Во про­лет­та 1962 го­ди­на жи­те­ли­те на се­ло­то Остро­во, Во­ден­ско, да­ле „груп­на из­ја­ва за пос­луш­ност“. Тек­стот бил пот­пи­шан од 600 жи­те­ли на се­ло­то, ка­ко и од сел­ски­от све­ште­ник, пре­тсе­да­те­лот, пот­пре­тсе­да­те­лот и од се­кре­та­рот на оп­шти­на­та. Исто та­ка, се пот­пи­шал и над­зор­ни­кот на ос­нов­ни­те учи­ли­шта во Во­ден, Ге­ор­ги­ос Па­ла­мас, на кој, „спо­ред еден по­доц­не­жен крај­но до­вер­лив из­ве­штај, му се пре­пи­шу­ва и со­од­вет­на­та ини­ци­ја­ти­ва“. Из­ја­ва­та, т.е. прог­ла­сот бил на­ме­нет за „скоп­ја­ни­те – псев­до­ма­ке­дон­ци“. Со­ста­ву­ва­чи­те на прог­ла­сот пр­во кон­ста­ти­ра­ле: „ни­ко­гаш не по­сто­е­ла, во на­ша­та три­ил­јад­на исто­ри­ја, ма­ке­дон­ска на­ци­ја на Бал­кан­ски­от По­лу­о­стров, ту­ку ге­о­граф­ски про­стор, со не­на­ру­шен на­ци­о­на­лен, ја­зи­чен и ре­ли­ги­о­зен ас­пект на грч­ки­от кон­ти­ну­и­тет“. Со­ста­ву­ва­чи­те на из­ја­ва­та се отка­жа­ле, т.е. ги отка­жа­ле Ма­ке­дон­ци­те од сво­ја­та тра­ди­ци­ја и исто­ри­ја ко­ри­стеј­ќи лаж­ни фа­кти де­ка „ни­ко­гаш на­ши­те ма­ке­дон­ски све­ште­ни­ци не из­ве­ду­ва­ле ли­тур­ги­ја во на­ши­те цр­кви, за вре­ме на тур­ско­то вла­де­е­ње, на сло­вен­ски или на ма­ке­дон­ски ја­зик, ту­ку са­мо на грч­ки“ и де­ка „ни­ко­гаш на­ши­те ма­ке­дон­ски учи­те­ли, во на­ши­те учи­ли­шта, не пре­да­ва­ле на сло­вен­ски или на ма­ке­дон­ски ја­зик, ту­ку са­мо на грч­ки“. При­чи­на­та за со­ста­ву­ва­ње­то на из­ја­ви­те би­ло ре­зул­тат на кра­тко­трај­но­то за­ла­ду­ва­ње на ју­гос­ло­вен­ско-грч­ки­те од­но­си во про­лет­та 1962 го­ди­на, по­ра­ди „сѐ по­го­ле­ми­те пре­тен­зии на Ју­гос­ло­ве­ни­те за по­сто­е­ње на ма­ке­дон­ско мал­цинс­тво“ во Гр­ци­ја.

Па­ра­лел­но со мно­гу­број­ни­те ме­мо­ран­ду­ми, пред­ло­зи и пла­но­ви, кои при­сти­га­ле до др­жав­ни­те ор­га­ни, а кои би­ле на­ме­не­ти за ре­ша­ва­ње на ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње и за ко­неч­на аси­ми­ла­ци­ја на Ма­ке­дон­ци­те во Гр­ци­ја, свое „мис­ле­ње“ дал и поз­на­ти­от „на­ци­о­на­лен стра­тег“ од тоа вре­ме, Фи­ли­пос Дра­гу­мис (1890-1980). Фи­ли­пос бил дол­го­го­ди­шен др­жа­вен служ­бе­ник и еден од нај­и­стак­на­ти­те на­ци­о­нал­ни иде­о­ло­зи по­вр­за­ни со ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње во во­е­ни­от и во по­во­е­ни­от пер­и­од од грч­ка­та исто­ри­ја. Тој по­тек­ну­вал од фа­ми­ли­ја­та Дра­гу­мис, ко­ја има­ла ко­ре­ни од Ма­ке­до­ни­ја, од грат­че­то Бо­гатц­ко. Не­го­ви­от та­тко и брат, Сте­фа­нос и Ион, би­ле ед­ни од глав­ни­те иде­о­ло­зи на грч­ка­та по­ли­ти­ка кон ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње во пер­и­о­дот на ос­ман­ли­ска­та до­ми­на­ци­ја, но и по прик­лу­чу­ва­ње­то на дел од Ма­ке­до­ни­ја во рам­ки­те на Кралс­тво­то Гр­ци­ја.

Пог­ле­ди­те за ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње во Гр­ци­ја, Ф. Дра­гу­мис ги из­нел пре­ку „до­вер­ли­ва бе­ле­шка“, ис­пра­те­на до си­те ком­пе­тент­ни ин­сти­ту­ции во грч­ка­та др­жа­ва, нас­ло­ве­на: „За вна­треш­но­то спро­тив­ста­ву­ва­ње на сла­во­ма­ке­дон­ски­от за­го­вор про­тив се­вер­на Гр­ци­ја“.

Де­нес овој до­ку­мент се на­о­ѓа во ар­хи­ва­та на Фи­ли­пос Дра­гу­мис, во биб­ли­о­те­ка­та Ге­на­ди­ос во Ати­на, под пап­ка 96-11 и е со да­тум од 14 сеп­тем­ври 1962 го­ди­на.

Во во­вед­ни­от дел авто­рот пред­ла­га да се опре­де­ли по­гра­нич­на зо­на од 30 до 35 ки­ло­ме­три, од остро­вот Крф до ре­ка­та Ма­ри­ца. Дра­гу­мис сме­тал де­ка во зо­на­та тре­ба да се „пре­зе­мат по­ре­ши­тел­ни мер­ки и спро­тив­ста­ву­ва­ња со устав­ни и за­кон­ски средс­тва на ту­ѓи­те про­па­ган­ди, по­себ­но на сла­во­ко­му­ни­стич­ка­та, и тре­ба да се од­не­су­ва­ат на про­ши­ру­ва­ње на грч­ки­от ја­зик кај ту­ѓо­ја­зич­ни­те жи­те­ли, кои ве­ќе се дво­ја­зич­ни, штом ве­ќе го поз­на­ва­ат грч­ки­от ја­зик од ос­нов­но­то учи­ли­ште и не­што по­ве­ќе ма­шка­та по­пу­ла­ци­ја од во­е­на­та служ­ба“.

Ва­кви­те мер­ки, спо­ред авто­рот, не сме­е­ле да до­би­јат ме­ѓу­на­ро­ден пуб­ли­ци­тет би­деј­ќи би пре­диз­ви­ка­ле ре­ак­ци­ја по­ра­ди „упо­тре­ба­та на се­ка­кви средс­тва и ге­но­цид од стра­на на др­жа­ва­та“.

Во сог­лас­ност со то­гаш­на­та грч­ка по­ли­ти­ка, но и ме­ѓу­на­род­ни­те од­но­си во пер­и­о­дот на Сту­де­на­та вој­на, Дра­гу­мис го де­те­кти­рал ко­му­низ­мот ка­ко глав­на опас­ност за ин­те­ре­си­те на грч­ка­та др­жа­ва и за вли­ја­ни­е­то што со­сед­ни­те ко­му­ни­стич­ки др­жа­ви го има­ле ме­ѓу ма­ке­дон­ско­то на­се­ле­ние во Гр­ци­ја. Ана­ли­зи­рај­ќи ги од­но­си­те во ко­му­ни­стич­ки­от блок и вли­ја­ни­е­то на СССР во то­гаш­ни­те др­жа­ви на Бал­ка­нот, но и ме­ѓу­себ­ни­от су­дир ме­ѓу Ју­гос­ла­ви­ја и Бу­га­ри­ја за тоа чие е „сло­вен­ско­то“ на­се­ле­ние во Гр­ци­ја, авто­рот пред­ла­гал по­е­дин­ци­те „во цен­трал­на и за­пад­на Ма­ке­до­ни­ја, кои гра­ни­чат со Ју­гос­ла­ви­ја, пред сè да се име­ну­ва­ат ка­ко ’Бу­га­ро­фо­ни’, откол­ку ка­ко ’Ма­ке­дон­ци’ што збо­ру­ва­ат бо­же­мен ’ма­ке­дон­ски’ ди­ја­лект“. А ние ќе пра­ша­ме, зар Дра­гу­мис во оваа си­ту­а­ци­ја не ја пре­зе­мал уло­га­та на кум на еден цел на­род?!

Дра­гу­мис, исто та­ка, пред­ла­гал де­фи­ни­тив­но да се ре­ши ме­ѓу­себ­ни­от влез и из­лез на жи­те­ли од Ју­гос­ла­ви­ја на грч­ка те­ри­то­ри­ја и од Гр­ци­ја на ју­гос­ло­вен­ска те­ри­то­ри­ја, во дол­жи­на на гра­ни­ци­те на две­те др­жа­ви, по­себ­но на ли­ни­ја­та Би­то­ла-Ле­рин, т.е. за лу­ѓе што ги обра­бо­ту­ва­ле имо­ти­те во со­сед­ни­те др­жав­ни те­ри­то­рии. Тој сме­тал де­ка е не­оп­ход­но да се пре­ки­не оваа пра­кти­ка и да дој­де до за­ем­на от­ште­та на сопс­тве­ни­ци­те на имо­ти во со­сед­на­та др­жа­ва, сè со цел да се пре­ки­не ко­му­ни­ка­ци­ја­та на Ма­ке­дон­ци­те од две­те стра­ни на гра­ни­ца­та. Во таа на­со­ка, наг­ла­сил де­ка мо­ра да се спре­чи слу­ша­ње­то ра­ди­о­ста­ни­ци од дру­га­та стра­на на гра­ни­ца­та, т.е. од вар­дар­ски­от дел на Ма­ке­до­ни­ја, или, пак, во грч­ки­те по­гра­нич­ни об­ла­сти да се отво­рат ра­ди­о­ста­ни­ци, на кои би се наг­ла­си­ло „пра­вос­лав­но­то хри­сти­јанс­тво, ре­ли­ги­оз­но­то и на­ци­о­нал­но чув­ство и дух. Да се во­ве­дат и обра­зов­ни еми­сии за зем­јо­дел­ци­те и за сто­ча­ри­те, ка­ко за зем­јо­дел­ци – пра­вос­лав­ни хри­сти­ја­ни – Гр­ци, рам­но­прав­ни со ели­но­фо­ни­те устав­ни гра­ѓа­ни, ка­ко и на­род­ни, исто­ри­ски, ар­хе­о­ло­шки, здрав­стве­ни и дру­ги еми­сии“.

Не­го­ви­те след­ни пред­ло­зи се од­не­су­ва­ле на из­град­ба „во си­те гра­до­ви што има­ат по­ве­ќе од 10.000 жи­те­ли во се­вер­на Гр­ци­ја, со пред­ност на тие од по­гра­нич­на­та зо­на, ар­хе­о­ло­шки му­зеи, да се вр­шат си­сте­мат­ски иско­пу­ва­ња и да се по­диг­ну­ва­ат ан­тич­ки спо­ме­ни­ци. Да се ор­га­ни­зи­ра­ат со­од­вет­ни ек­скур­зии на учи­те­ли­те, на уче­ни­ци­те од сред­но и од ос­нов­но обра­зо­ва­ние и дру­го“. Овие на­со­ки на Дра­гу­мис би­ле ре­а­ли­зи­ра­ни во го­ди­ни­те што сле­ду­ва­ле. До­вол­но е де­нес да се на­пра­ви ед­на оби­кол­ка низ егеј­ски­от дел на Ма­ке­до­ни­ја за да се за­бе­ле­жат мно­гу­број­ни­те ар­хе­о­ло­шки ло­ка­ли­те­ти и спо­ме­ни­ци, кои, во сог­лас­ност со грч­ки­от на­ци­о­на­лен мит, тре­ба да го по­вр­зат се­гаш­но­то на­се­ле­ние со ан­тич­ка­та ма­ке­дон­ска ци­ви­ли­за­ци­ја, ко­ја, спо­ред грч­ки­те сфа­ќа­ња, е дел од „бес­мрт­на­та грч­ка на­ци­ја“. Исто та­ка, во пер­и­о­дот од 1963 го­ди­на до 1981 го­ди­на би­ле ор­га­ни­зи­ра­ни ек­скур­зии од стра­на на Крал­ски­от на­ци­о­на­лен ин­сти­тут ток­му на цел­ни­те гру­пи од Дра­гу­мис. Друг за­мис­ла на авто­рот на овој до­ку­мент, ко­ја е де­не­ска ре­а­ли­зи­ра­на, би­ла из­град­ба­та на мо­дер­ни ма­ги­страл­ни па­ти­шта и по­вр­зу­ва­ње на егеј­ски­от дел на Ма­ке­до­ни­ја со дру­ги­от дел на Гр­ци­ја.

Istorija86-1

Во вто­ри­от дел, нас­ло­вен ка­ко „Вла­ди­но на­со­чу­ва­ње и над­зор­ниш­тво“, Дра­гу­мис сме­тал де­ка во по­гра­нич­на­та зо­на тре­ба да се фор­ми­ра трич­ле­на нат­пар­ти­ска ко­ми­си­ја, ко­ја ќе за­ви­си ди­рект­но од пре­ми­е­рот на Гр­ци­ја и ќе дејс­тву­ва не­за­вис­но од ми­ни­стерс­тво­то за се­вер­на Гр­ци­ја.

На­ред­ни­от дел се од­не­су­вал на уре­ду­ва­ње­то на цр­ков­ни­те ра­бо­ти. Дра­гу­мис го пред­ла­гал след­но­во:
„Да се по­пол­нат со до­бри и, во ос­но­ва, мо­рал­ни и фа­ми­ли­јар­ни све­ште­ни­ци и чи­сти па­три­о­ти, си­те праз­ни ме­ста во ено­ри­и­те во пол­ски­те се­ла, по­себ­но во по­гра­нич­ни­те око­лии, ка­де што по­стои ту­ѓо­ја­зич­но на­се­ле­ние, и да се прет­по­чи­та­ат тие што по­тек­ну­ва­ат од исто­то се­ло или од иста­та око­ли­ја, или, пак, од со­сед­на­та ели­но­фо­на (ка­ко на при­мер за ко­стур­ска­та и за ле­рин­ска­та око­ли­ја да по­тек­ну­ва­ат од нив­ни­те ели­но­фо­ни се­ла, од Гра­мос, ко­жан­ски­от округ и дру­ги), да би­дат прис­по­со­бе­ни на при­род­на­та око­ли­на на ме­сто­то и да би­дат до­бри поз­на­ва­чи на ло­кал­ни­от мен­та­ли­тет на се­ла­ни­те. Нив­ни­от жи­вот да би­де оси­гу­рен со до­сто­инс­тве­на ку­ќа, ако е мож­но и бав­ча, та­ка, по при­ро­ден пат, да се при­вр­зат кон се­ло­то, се раз­би­ра, со нај­мал­ку двој­но зго­ле­ме­на пла­та“.

По­се­бен дел авто­рот по­све­тил на јав­ни­те служ­бе­ни­ци, кои слу­же­ле или во ид­ни­на би ра­бо­те­ле во Ма­ке­до­ни­ја, за кои се прет­по­ста­ву­ва де­ка би има­ле важ­на уло­га во аси­ми­ла­ци­ја­та на Ма­ке­дон­ци­те. Овие ли­ца, спо­ред Дра­гу­мис, тре­ба­ло да до­би­јат зна­чи­тел­ни при­ви­ле­гии, ка­ко на при­мер: „Си­те јав­ни служ­бе­ни­ци што се на служ­ба во по­гра­нич­на­та служ­ба да до­би­ва­ат бо­нус, освен пла­та­та, зго­ле­мен нај­мал­ку по­ло­ви­на од пла­та­та, да се прес­ме­ту­ва двој­но вре­ме­то на служ­ба­та, да би­дат долж­ни нај­мал­ку три го­ди­ни да слу­жат во иста­та око­ли­ја“.

Исто та­ка, служ­бе­ни­ци­те пред да би­дат наз­на­че­ни во по­гра­нич­на­та зо­на мо­ра­ле да по­ми­нат спе­ци­јал­на обу­ка, ко­ја се со­сто­е­ла од „за­поз­на­ва­ње со по­стој­ни­те проб­ле­ми“, а по­тоа „да би­дат на­до­е­ни со пра­ви­от дух за да мо­жат да се спро­тив­ста­ват и по­сте­пе­но да ги ре­ша­ва­ат проб­ле­ми­те, да би­дат обу­чу­ва­ни, најм­но­гу, за на­чи­нот на од­не­су­ва­ње кон си­те жи­те­ли, без раз­ли­ка, осо­бе­но кон ту­ѓо­ја­зич­ни­те. Да им освр­не по­себ­но вни­ма­ние на учи­те­ли­те, на со­би­ра­чи­те на да­но­ци, на по­ли­цај­ци­те и на си­те јав­ни служ­бе­ни­ци, кои по­че­сто до­а­ѓа­ат во ди­ре­ктен кон­такт со се­ла­ни­те. Исто та­ка, и на офи­це­ри­те со по­ни­зок чин и на по­до­фи­це­ри­те во вој­ска­та. Пре­фе­кти­те и по­ви­со­ки­те служ­бе­ни­ци на пре­фе­кту­ра­та да ги оби­ко­лу­ва­ат, кол­ку што е мож­но по­че­сто, рам­ни­чар­ски­те се­ла и да до­а­ѓа­ат во ди­ре­ктен кон­такт со се­ла­ни­те од подв­ле­че­ни­те се­ла. На крај, од управ­ни­те и суд­ски­те вла­сти стро­го да се каз­ну­ва­ат тие што вр­шат се­ка­ков вид експ­ло­а­та­ци­ја на се­ла­ни­те, осо­бе­но ту­ѓо­ја­зич­ни­те“.

Пос­лед­ни­от дел од овој до­ку­мент Дра­гу­мис го по­све­тил на обра­зо­ва­ни­е­то. Тој из­нел ни­за пред­ло­зи со цел да се по­до­брат ус­ло­ви­те во обра­зов­ни­от про­цес, чи­ја­што глав­на за­да­ча би­ла аси­ми­ла­ци­ја­та на Ма­ке­дон­ци­те и на­мет­ну­ва­ње­то на грч­ки­от ја­зик ме­ѓу „ту­ѓо­ја­зич­ни­те“. Од тоа што го чи­та­ме во на­пи­ша­но­то, се ба­ра­ло по­пол­ну­ва­ње на си­те ис­праз­не­ти учи­тел­ски ме­ста во ос­нов­но­то и сред­но обра­зо­ва­ние, це­лос­на мо­дер­ни­за­ци­ја на по­стој­ни­те учи­лиш­ни за­гра­ди и из­град­ба на но­ви до­кол­ку не по­сто­е­ле та­кви. За­дол­жи­тел­на по­се­та на учи­ли­шта­та од ма­шка­та и од жен­ска по­пу­ла­ци­ја.

На крај, Дра­гу­мис пред­ла­гал:
„Во си­те се­ла, осо­бе­но во ту­ѓо­ја­зич­ни­те, да се фор­ми­ра­ат за­ба­ви­шта ка­де што не­ма или не е до­во­лен бро­јот на де­ца­та од пре­ду­чи­лиш­на во­зраст. Та­ка, тие да го изу­чу­ва­ат грч­ки­от ја­зик ка­ко мај­чин ја­зик и да би­дат на­до­е­ни со пра­вос­ла­вен хри­сти­јан­ски дух. Да се фор­ми­ра­ат ве­чер­ни учи­ли­шта за не­пис­ме­ни ро­ди­те­ли, по­себ­но за же­ни­те. Гра­дин­ки, за­ба­ви­шта и ве­чер­ни учи­ли­шта ќе би­де не­оп­ход­но да функ­ци­о­ни­ра­ат та­му ка­де што се на­о­ѓа­ат ту­ѓо­ја­зич­ни и над­вор од по­гра­нич­на­та зо­на. Крал­ска­та гри­жа во по­ве­ќе се­ла, во се­ко­ја око­ли­ја, има соз­да­де­но за мла­ди­на­та, ка­де што по­сто­јат ту­ѓо­ја­зич­ни и над­вор од по­гра­нич­на­та зо­на, ин­тер­нат за де­вој­чи­ња, ка­ко зем­јо­дел­ска до­ма­ќин­ска шко­ла, слич­на на таа што мно­гу ус­пеш­но ра­бо­ти во Ле­рин, та­ка, де­вој­чи­ња­та по­тоа се вра­ќа­ат во сво­и­те се­ла ка­ко пра­вос­лав­ни Гр­кин­ки, ви­стин­ски ја­дра на хри­сти­јанс­тво­то и на гр­циз­мот“.

(Пишува: Д-р Димитар Љоровски-Вамваковски
Текст објавен во 86. број на неделникот „Република“, 25.04.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top