| четврток, 6 декември 2018 |

Европската економска заедница го „кредитиралa“ населувањето на „советски Грци“ во егејскиот дел на Македонија

Во по­но­ва­та исто­ри­ја грч­ка­та ко­ло­ни­за­ци­ја на де­ло­ви од те­ри­то­ри­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја мо­же­ме да ја по­де­ли­ме во две ета­пи. Пр­ва­та ета­па го оп­фа­ќа пер­и­о­дот ко­га Ма­ке­до­ни­ја сè уште се на­о­ѓа­ла во рам­ки­те на Ос­ман­ли­ска­та Им­пе­ри­ја, до­де­ка вто­ра­та ета­па, ко­ја трае до де­нес, е ре­а­ли­зи­ра­на по прик­лу­чу­ва­ње­то на нај­го­лем дел од ма­ке­дон­ска­та те­ри­то­ри­ја во со­ста­вот на грч­ко­то кралс­тво

Istorija85-1

Ако во пр­ви­от пер­и­од офи­ци­јал­на Ати­на има­ла ире­ден­ти­стич­ки по­бу­ди да ко­ло­ни­зи­ра грч­ко на­се­ле­ние во ос­ман­ли­ска Ма­ке­до­ни­ја, то­гаш во вто­ри­от пер­и­од по­сто­е­ла тен­ден­ци­ја да се по­стиг­не усог­ла­су­ва­ње на грч­ка­та на­ци­ја во егеј­ски­от дел на Ма­ке­до­ни­ја.

Не­по­сто­е­ње­то до­ми­нант­но грч­ко на­се­ле­ние на те­ри­то­ри­и­те од ос­ман­ли­ска Ма­ке­до­ни­ја кон кои пре­тен­ди­ра­ла Гр­ци­ја, бил до­во­лен по­вод, по­крај дру­ги­те мер­ки, да би­дат пре­зе­ме­ни кон­крет­ни актив­но­сти за на­се­лу­ва­ње Гр­ци од грч­ка­та др­жа­ва, но и од дру­ги­те ос­ман­ли­ски те­ри­то­рии ка­де што жи­ве­е­ле. Во Гр­ци­ја пре­ов­ла­ду­ва­ла те­о­ри­ја­та де­ка „чие што е на­се­ле­ни­е­то – не­го­ва ќе би­де те­ри­то­ри­ја­та“. Спо­ред оваа ло­ги­ка, твр­де­ња­та на офи­ци­јал­на Ати­на би оста­на­ле са­мо на шпе­ку­ла­ции, до­кол­ку не се „по­ка­же­ло и до­ка­же­ло“ де­ка во ос­ман­ли­ска Ма­ке­до­ни­ја жи­вее мно­гу­број­но „грч­ко на­се­ле­ние“. Во овој пер­и­од во исто­ри­ска­та до­ку­мен­та­ци­ја е еви­ден­ти­ра­но на­се­лу­ва­ње на грч­ко на­се­ле­ние во крај­бреж­ни­те де­ло­ви на Ма­ке­до­ни­ја, во неј­зи­ни­те јуж­ни и цен­трал­ни де­ло­ви, пред сè во по­го­ле­ми­те град­ски цен­три, но и во пол­ски­те се­ла. Во еден из­ве­штај од кра­јот на 1903 го­ди­на, Ион Дра­гу­мис, на­ци­о­на­лен иде­о­лог од тоа вре­ме, зак­лу­чил де­ка е по­треб­но си­сте­мат­ско на­се­лу­ва­ње на грч­ки зем­јо­дел­ци во сре­ди­ни ка­де што жи­ве­е­ло на­се­ле­ние од ма­ке­дон­ски ет­ни­кум, при што по­себ­но тре­ба­ло да се вни­ма­ва грч­ки­от ја­зик да се на­мет­не ме­ѓу Ма­ке­дон­ци­те. Тој кон­ста­ти­рал де­ка Ма­ке­дон­ци­те се пре­теж­но зем­јо­дел­ско на­се­ле­ние што е на­се­ле­но во сел­ски­те сре­ди­ни, при што ус­пе­а­ле да ги ма­ке­до­ни­зи­ра­ат „грч­ки­те“ и „грч­ко-вла­шки­те“ гра­до­ви во Ма­ке­до­ни­ја. Ток­му по­ра­ди овој факт, сме­тал де­ка е по­треб­но ме­ша­ње на грч­ки­те зем­јо­дел­ци и Ма­ке­дон­ци­те, со цел пр­ви­те да им го на­ло­жат грч­ки­от ја­зик на вто­ри­те. За да се ос­тва­ри овој план, Дра­гу­мис мис­лел де­ка е по­треб­но да се ку­пу­ва­ат зем­јо­дел­ски пар­це­ли, да се на­се­лу­ва грч­ко на­се­ле­ние од грч­ка­та др­жа­ва и та­ка да се соз­да­дат грч­ки енк­ла­ви што ќе вли­ја­ат за аси­ми­ла­ци­ја на ма­ке­дон­ско­то на­се­ле­ние.

Вто­ра­та ета­па на грч­ка­та ко­ло­ни­за­ци­ја поч­на­ла по бал­кан­ски­те вој­ни и прик­лу­чу­ва­ње­то на нај­го­ле­ми­от дел од Ма­ке­до­ни­ја во рам­ки­те на грч­ка­та др­жа­ва. За раз­ли­ка од прет­ход­ни­от пер­и­од, Гр­ци­ја, ко­ри­стеј­ќи ја но­ва­та си­ту­а­ци­ја, ги упо­тре­би­ла си­те др­жав­ни ин­стру­мен­ти за да ја сме­ни ет­нич­ка­та сли­ка на егеј­ски­от дел на Ма­ке­до­ни­ја. Цел­та би­ла на­ци­о­нал­на хо­мо­ге­ни­за­ци­ја на се­вер­ни­от дел на др­жа­ва­та, ка­де што, по­крај Ма­ке­дон­ци­те ка­ко до­ми­нан­тен ет­ни­кум, жи­ве­е­ло зна­чи­тел­но мус­ли­ман­ско на­се­ле­ние, по­тоа Евреи, Вла­си, Ро­ми и Ал­бан­ци. Грч­ки­от ет­ни­кум во ва­ква­та кон­ста­ла­ци­ја бил трет по сво­јот број во егеј­ска Ма­ке­до­ни­ја. Оваа си­ту­а­ци­ја би­ла во це­лос­на спро­тив­ност со на­ци­о­нал­на­та кон­струк­ци­ја за „чи­сто­та­та“ на грч­ка­та на­ци­ја-др­жа­ва. Ед­на од мер­ки­те за „ис­пра­ва­ње на со­стој­ба­та“ би­ла ко­ло­ни­за­ци­ја­та на мно­гу­број­но грч­ко и хри­сти­јан­ско на­се­ле­ние во се­вер­на Гр­ци­ја. Па, та­ка, поз­на­ти ни се Кон­вен­ци­ја­та ме­ѓу Гр­ци­ја и Бу­га­ри­ја од 1919 го­ди­на за „до­бро­вол­на“ раз­ме­на на на­се­ле­ни­е­то и, по­доц­на, Ло­зан­ска­та кон­вен­ци­ја од 1923 го­ди­на ме­ѓу Тур­ци­ја и Гр­ци­ја за за­дол­жи­тел­на раз­ме­на на хри­сти­јан­ско на­се­ле­ние од Тур­ци­ја и на мус­ли­ман­ско на­се­ле­ние од Гр­ци­ја. Со пр­ви­от до­го­вор зна­чи­те­лен број ет­нич­ки Ма­ке­дон­ци, прог­ла­се­ни од Бу­га­ри­ја и од Гр­ци­ја ка­ко „Бу­га­ри“, би­ле при­ну­де­ни за­се­ко­гаш да ги на­пу­штат сво­и­те ве­ков­ни ог­ни­шта, до­де­ка со вто­ри­от до­го­вор би­ло це­лос­но исе­ле­но мус­ли­ман­ско­то на­се­ле­ние од егеј­ска Ма­ке­до­ни­ја. Од овие два до­го­во­ра во це­ла Гр­ци­ја, а по­себ­но во грч­ка Ма­ке­до­ни­ја, би­ло на­се­ле­но мно­гу­број­но хри­сти­јан­ско на­се­ле­ние, кое за офи­ци­јал­на Ати­на би­ло „грч­ко“, со што за­се­ко­гаш би­ла про­ме­не­та ет­нич­ка­та сли­ка во се­вер­на Гр­ци­ја. Ва­ква­та пра­кти­ка про­дол­жи­ла и по Гра­ѓан­ска­та вој­на, ко­ја до­не­ла огром­на де­по­пу­ла­ци­ја на ма­ке­дон­ски­от ет­ни­кум во Гр­ци­ја. Но­во­на­ста­на­та си­ту­а­ци­ја би­ла иско­ри­сте­на по вој­на­та, ко­га со за­кон­ски­от акт од 1953 го­ди­на би­ло пред­ви­де­но на­се­лу­ва­ње на ли­ца со „про­ве­ре­ни на­ци­о­нал­ни убе­ду­ва­ња“ од цен­трал­на и јуж­на Гр­ци­ја во се­ве­ро­за­пад­ни­от гра­ни­чен по­јас на грч­ка­та др­жа­ва, т.е. во де­ло­ви ка­де што жи­вее ма­ке­дон­ско на­се­ле­ние.

Ка­ко и да е, и по­крај мно­гу­број­ни­те мер­ки пре­зе­ме­ни од грч­ки­те ин­сти­ту­ции за це­лос­но вклу­чу­ва­ње на се­вер­на­та про­вин­ци­ја кон „чи­ста­та“ на­ци­ја-др­жа­ва, се­пак кра­јот на осум­де­сет­ти­те го­ди­ни од ми­на­ти­от век по­ка­жа­ле де­ка „чу­ва­ри­те“ на грч­ки­от на­ци­о­на­ли­зам не ја за­вр­ши­ле це­лос­но по­ста­ве­на­та ми­си­ја. Од ед­на стра­на, раз­во­јот на со­вре­ме­но­то ма­ке­дон­ско дви­же­ње во егеј­ски­от дел на Ма­ке­до­ни­ја, кое по­доц­на пре­рас­на во по­ли­тич­ко дви­же­ње, пред­во­де­но од пар­ти­ја­та „Ви­но­жи­то“, актив­но се за­ла­га­ло за приз­на­ва­ње и за до­би­ва­ње на ос­нов­ни­те мал­цин­ски пра­ва во др­жа­ва­та, а од дру­га стра­на, па­дот на ко­му­низ­мот, ско­раш­но­то соз­да­ва­ње не­за­вис­на ма­ке­дон­ска др­жа­ва, сè по­наг­ла­се­но­то ин­тер­на­ци­о­на­ли­зи­ра­ње на ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње од стра­на на ор­га­ни­за­ци­и­те на де­ца­та-бе­гал­ци од Ма­ке­до­ни­ја, но и мно­гу­број­на­та ма­ке­дон­ска ди­јас­по­ра во све­тот, би­ле до­во­лен мо­тив офи­ци­јал­на Ати­на, по прис­по­со­бу­ва­ње­то на но­во­на­ста­на­та си­ту­а­ци­ја, да ја про­дол­жи по­ли­ти­ка­та на аси­ми­ла­ци­ја од ми­на­то­то врз ет­нич­ки­те Ма­ке­дон­ци во Гр­ци­ја. Ед­на од мер­ки­те во таа на­со­ка бил и пла­нот со па­ри на Европ­ска­та еко­ном­ска за­ед­ни­ца (ЕЕЗ), де­нес ЕУ, да се на­се­лат „со­вет­ски Гр­ци“ во се­вер­на Гр­ци­ја.

Во вес­ни­кот „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ (2 ју­ни 1990 го­ди­на), под нај­а­ва­та „екск­лу­зив­но“, бил пре­зен­ти­ран текст со нас­лов: „Егеј­ска Ма­ке­до­ни­ја пред но­ва ко­ло­ни­за­ци­ја“. Во сво­јот под­нас­лов, вес­ни­кот кон­ста­ти­рал: „Пер­фид­на ак­ци­ја на вла­да­та во Ати­на да се до­крај­чи аси­ми­ла­ци­ја­та на Ма­ке­дон­ци­те во егеј­ска Ма­ке­до­ни­ја“, за да вед­наш по­тоа го по­ста­ви след­но­во пра­ша­ње: „Што со­др­жат тај­ни­те до­ку­мен­ти на ЕЕЗ и Европ­ски­от со­вет за пла­нот на на­се­лу­ва­ње 100.000 ’со­вет­ски Гр­ци‘ во се­вер­на Гр­ци­ја“. Во во­вед­ни­от дел од тек­стот, кој за по­а­втен­тич­но при­ка­жу­ва­ње ќе го прет­ста­ви­ме во по­го­лем дел, „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ да­ва свое ви­ду­ва­ње и ана­ли­за на до­ку­мент од ЕЕЗ, за кој ве­ли де­ка го до­бил од „свои из­во­ри“. „Пла­нот со­др­жи ’при­ем и на­се­лу­ва­ње‘ на 100.000 бе­гал­ци од грч­ко по­тек­ло од раз­лич­ни ре­ги­о­ни на СССР, из­град­ба на ста­но­ви за 25.000 се­мејс­тва во ре­ги­о­ни­те што се те­шко по­го­де­ни со де­по­пу­ла­ци­ја­та во пер­и­о­дот од 1950 го­ди­на до 1970 го­ди­на“. По­на­та­му вес­ни­кот про­дол­жу­ва: „Од ва­ква­та фор­му­ла­ци­ја, кол­ку и да е ве­што со­ста­ве­на за да се при­кри­јат ви­стин­ски­те це­ли, ста­ну­ва јас­но де­ка ос­нов­на­та на­ме­ра е бит­но да се вли­јае врз де­мо­граф­ска­та кар­та на Егеј­ска Ма­ке­до­ни­ја, ка­де што пре­теж­но ќе би­дат на­се­ле­ни ’ру­ски­те‘ Гр­ци. Име­но, ста­ну­ва збор за на­се­лу­ва­ње зем­јо­дел­ски по­вр­ши­ни ка­де што на пре­сел­ни­ци­те ќе им би­дат до­де­ле­ни ста­но­ви, 10.000 хе­кта­ри зем­ја (са­мо во пр­ва­та фа­за), а ќе би­дат из­гра­де­ни 2.000 фар­ми, и тоа сè во по­драч­је­то на се­вер­на Гр­ци­ја“. На крај од овој прв дел вес­ни­кот кон­ста­ти­ра, но и пра­шу­ва. „Прет­стој­на­та грч­ка ко­ло­ни­за­ци­ја на Егеј­ска Ма­ке­до­ни­ја, за жал, се од­ви­ва до­бро про­гра­ми­ра­но и не­пре­че­но од ни­ко­го пред очи­те на ју­гос­ло­вен­ска­та и европ­ска­та јав­ност. Ни­кој не се оби­де да ги де­ма­ски­ра пред Европ­ски­от со­вет во Страз­бур ви­стин­ски­те аси­ми­ла­ци­ски це­ли на по­ну­де­ни­от про­ект, кој е ди­рект­на спро­тив­ност со по­вел­ба­та и ду­хот на Хел­син­ки! Ќе се до­пу­шти ли Гр­ци­ја по­втор­но да ја пре­кро­ју­ва ет­нич­ка­та кар­та на Егеј­ска Ма­ке­до­ни­ја со по­тис­ну­ва­ње и бри­ше­ње на ма­ке­дон­ски­от на­ци­о­на­лен еле­мент во про­сто­рот ка­де што тој ве­ков­но ег­зи­сти­рал и се бо­рел да го за­чу­ва сво­јот на­ци­о­на­лен иден­ти­тет“.

Istorija87-1

Во вто­ри­от дел, вес­ни­кот го об­ја­ву­ва це­ли­от до­ку­мент на Европ­ски­от со­вет, кој е со наз­на­ка „до­вер­ли­во“. До­ку­мен­тот бил из­да­ден од „Фон­дот за со­ци­ја­лен раз­вој – ад­ми­ни­стра­ти­вен со­вет“ во Страз­бур, на 20 март 1990 го­ди­на. Би­ло пред­ви­де­но про­е­ктот од грч­ка стра­на да го спро­ве­де Зем­јо­дел­ска­та бан­ка на Гр­ци­ја, во чи­е­што име на 1 март 1990 го­ди­на грч­ка­та вла­да под­не­ла ба­ра­ње за до­де­лу­ва­ње за­ем во вред­ност од 300 ми­ли­о­ни аме­ри­кан­ски до­ла­ри „за де­лум­но фи­нан­си­ра­ње на про­гра­ма­та за при­ем и на­се­лу­ва­ње на 100.000 бе­гал­ци од грч­ко по­тек­ло од СССР“. До­ку­мен­тот со­др­жел три де­ла. Во пр­ви­от дел, „Из­ве­штај на гу­вер­не­рот за тех­нич­ки­те и за фи­нан­си­ски­те ас­пе­кти на про­е­ктот“, бил при­ло­же­на це­ла­та кон­струк­ци­ја и пла­нот за спро­ве­ду­ва­ње на „про­е­ктот“. Во вто­ри­от дел, „Мис­ле­ње на Се­кре­та­ри­ја­тот на фон­дот за со­ци­ја­лен раз­вој“, е при­ло­же­на вкуп­на­та вред­ност на за­е­мот, кој спо­ме­нав­ме е 300 ми­ли­о­ни до­ла­ри, до­де­ка е на­ве­де­но де­ка дру­ги­от дел ќе би­де фи­нан­си­ран од грч­ка­та вла­да. Исто та­ка, грч­ка­та вла­да се по­ја­ву­ва и ка­ко га­ран­ци­ја де­ка Зем­јо­дел­ска­та бан­ка ќе го вра­ти за­е­мот. На крај од овој дел Се­кре­та­ри­ја­тот да­ва по­зи­тив­но мис­ле­ње де­ка „ба­ра­ње­то е при­фат­ли­во и од ста­ту­тар­на по­ли­тич­ка и од со­ци­јал­на глед­на точ­ка“. Овој дел е пот­пи­шан од Грк, Кон­ста­ни­нос П. Пи­ла­ва­ки, на 15 март 1990 го­ди­на. Пос­лед­ни­от, трет дел од до­ку­мен­тот е „Мис­ле­ње до ад­ми­ни­стра­тив­ни­от со­вет и пре­по­ра­ка на гу­вер­не­рот“. Во не­го стои: „Разг­ле­ду­вај­ќи го ба­ра­ње­то за за­ем од 300 ми­ли­о­ни до­ла­ри што прет­ста­ву­ва 40 про­цен­ти од вкуп­на­та це­на на про­е­ктот за на­се­лу­ва­ње на грч­ки бе­гал­ци од СССР под­не­сен од грч­ка­та вла­да на 1 март 1990 го­ди­на и имај­ќи пред­вид де­ка раз­ли­ка­та ќе би­де фи­нан­си­ра­на од грч­ка­та вла­да и де­ка е да­де­на ква­ли­та­тив­на га­ран­ци­ја, ка­ко и де­ка про­е­ктот пред­ви­ду­ва по­зи­тив­ни ефе­кти во сме­сту­ва­ње и вра­бо­ту­ва­ње на бе­гал­ци­те, имај­ќи го по­зи­тив­но­то мис­ле­ње на Се­кре­та­ри­ја­тот во сог­лас­ност со ре­зо­лу­ци­и­те 199 и 934 на Ад­ми­ни­стра­тив­ни­от со­вет, гу­вер­не­рот пре­по­ра­чу­ва овој про­ект да се одо­бри и да се одо­бри за­е­мот од 300 ми­ли­о­ни до­ла­ри. Па­риз, 16 март 1990 го­ди­на, Ро­же Ван­ден Бран­ден, Гу­вер­нер“.

Со­се­ма на крај ќе кон­ста­ти­ра­ме де­ка од де­неш­на перс­пе­кти­ва со­се­ма е јас­но де­ка со па­дот на ко­му­низ­мот, рас­па­дот на СССР и еко­ном­ски­от ко­лапс на др­жа­ви­те од источ­ни­от блок, го­лем број со­вет­ски „Гр­ци“ ими­гри­ра­ле во Гр­ци­ја. Точ­ни­от број за нас е не­поз­нат, но, се­ка­ко, офи­ци­јал­на Ати­на не ја ис­пу­шти­ла шан­са­та да на­се­ли што по­го­лем број лу­ѓе од оваа ка­те­го­ри­ја во „не­врал­гич­ни­те“ око­лии во се­вер­на Гр­ци­ја, со што ве­штач­ки се зго­ле­мил про­цен­тот на грч­ко на­се­ле­ние. Исто та­ка, со овој про­ект дра­стич­но се зго­ле­ми­ле мож­но­сти­те на грч­ка­та др­жа­ва ин­сти­ту­ци­о­нал­но да ја про­дол­жи аси­ми­ла­ци­ја­та на ет­нич­ки­те Ма­ке­дон­ци во Гр­ци­ја.

(Пишува: Д-р Димитар Љоровски-Вамваковски
Текст објавен во 87. број на неделникот „Република“, 2.05.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top