| четврток, 6 декември 2018 |

Тијана: Требаше да пуштам брада за да влеземе во финале

Не стивнуваат реакциите за синоќешниот неуспех, кога македонската претставничка Тијана Дапчевиќ не успеа да влезе во финалето на „Евровизија“.

Како и поширокиот дел на македонската јавност, и таа вината ја гледа во претставникот на Австрија, контроверзниот Кончита Вруст, кој го зазеде последното, десетто место за влез понатаму.

1054579_m3w561h315q80v53045_20140508085840_6f720poh31w1ae1mol81

– Требаше да пуштам брада. Ете, затоа не влеговме во финале – изјави Тијана за „Телеграф“.

Вчеравечер веднаш по соопштувањето на резултатите, нејзината сестра и придружен вокал, Тамара Тодевска, на „Фејсбук“ разочарано напиша дека Македонија веќе не треба да учествува на „Евровизија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top