| четврток, 6 декември 2018 |

Летот на носорогот (ГАЛЕРИЈА)

Компликуван, скап, често и многу опасен е процесот за безбедно да се пресели еден африкански носорог. Но, исто така, е неопходно.

JO9A9576-600x400

Конзерваторите во Јужна Африка пронајдоа ново решение и ефективен начин да ги преместуваат животните, сѐ со една цел – да ги заштитат од ловокрадство, а со тоа и да се обезбеди идно размножување и опстојување на загрозените видови.

JO9A0918-600x400

Благодарение на фотографката Ема Гатланд од „Нешнел џиографик“, која се приклучи на тимот кој неодамна работеше на фаќање и релокација на еден носорог во Ква Зулу Натал, Јужна Африка, светот има можност одблиску да ја погледне таа сложена операција.

JO9A1609-600x400 JO9A9060-600x900

Тоа е нова постапка, која е подобра за носорогот бидејќи животното не мора долго да се чува дрогирано. Носорозите се прикачуваат за нивните глуждови на хеликоптерот кој ги крева на околу 500-1000 метри во воздух.

JO9A9062-600x400

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top