| четврток, 6 декември 2018 |

Угина белиот носорог Ангалафи, останаа уште пет во светот

Белиот носорог Ангалифу, кој угина од старост на 44 години, беше еден од преостанатите шест бели носорози на целата планета.

– Ангалифу нѐ напушти. Ова е навистина тажна вест за сите нас во зоолошката. Бројот на овие прекрасни животни падна на минимум и тоа е многу загрижувачки за нашата планета – изјавил Ренси Рејчс од зоолошката градина во Сан Диего.

Ангалифу бил донесен во Сан Диего во 80-тите години од зоолошката градина во Картум, Судан.

Многубројните обиди за парење на Ангалифу со единствениот женски бел носорог што, исто така, се наоѓа во зоолошката градина во Сан Диего завршиле со неуспех. Еколозите велат дека, за жал, на овој животински вид му се заканува целосно исчезнување.

Останаа уште женката во зоолошката градина во Сан Диего, еден мажјак во зоолошка градина во Чешка и два во резерват во Кенија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top