| четврток, 6 декември 2018 |

Дарко Рундек со „Карго трио“ вечерва во Скопје

Легендарниот хрватски музичар Дарко Рундек и некогашен лидер на култната загрепска група „Хаустор“, која беше еден од предводниците на некогашниот југословенски нов бран од почетокот на осумдесеттите години на минатиот век, вечерва, петок 9 мај, со своето „Карго трио“  закажува концертна средба со скопската публика во Универзална сала, со почеток во 20.30 часот.
rundek_2
Бендот во октомври минатата година објави нова песна „Midnight Calypso“, со која на публиката ѝ најави дека може да очекува нов албум во блиска иднина, а дотогаш, последно издание на групата останува албумот „Плави авион“, кој излезе во 2010 година.
Минатата година беше издадена и книгата „Kнига за песните: Рундек, помеѓу“, чиј автор е хрватскиот музички новинар Анте Перковиќ. Во неа се опишани приказните за настанувањето на дел од хитовите во кариерата на Рундек, а содржи и мноштво фотографии, од кои повеќето никогаш претходно не биле објавени.
Скопјани ќе имаат вистинска можност во интимна атмосфера да ги слушнат старите хитови на „Хаустор“, но и новиот материјал на овој неуморен музички номад, кој плени со секоја нова изведба.
Билетите за ова незаборавно музичко искуство ќе може да ги набавите во Универзалната сала, како и продажните места на „Купи карти за сѐ“, со цена од 400, 500 и 600 денари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top