Пожар избувна претпладнево во фабриката за лекови „Плива“ во Загреб, објавија хрватските медиуми нагласувајќи дека полицијата засега не соопштува никави детали за случајот.
Според медиумите, противпожарната служба тврди дека „состојбата е под контрола“, но граѓаните што живеат во околина на фабриката се плашат дека е можно ослободување на штетни хемикалии во воздухот.
– Примивме повици од граѓани, но не добивме никаква информација од „Плива“. По информациите се обративме до одговрните (во фабриката), кои нè информираа дека пожарот се санира – соопшти загребската противпожарна служба.
На фотографии, кои до медиумите ги испратиле локални жители, се гледа како од фабриката се крева густ црн чад, а видливи се и пламени јазици – објави интернет-изданието на „Вечерњи лист“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.