Играчите на Портланд трејлблејзерс на вториот натпревар од полуфиналето на Западната конференција против Сан Антонио имаа многу непријатно добредојде.
Кошаркарите на Портланд во гостинската гардероба на центарот „ATиT“ во Сан Антонио нашле змија ѕвечарка.
Крилниот центар Томас Робинсон прв ја забележал отровницата и побегнал. Мо Вилијамс бил нешто похрабар од другите соиграчи, па веднаш ја фотографирал и споделил неверојатната вест со остатокот од светот на социјалните мрежи.
– Кога ја спуштив патиката видов собрана змија. Се шокирав. Повторно погледнав и сфатив дека навистина е змија и веднаш се повлеков – изјави Робинсон.
– Томас и јас се подговтвувавме за натпреварот како и секогаш. Тој се наведна и одеднаш викна: Што е ова! Змија под моето шкафче. Му реков да не се шегува. Ама не, навистина. Вистинска змија, рече тој и кога погледнав змијата беше таму. Се исплашив – рече Вил Бартон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.