Шверцот на цигари во Грција добива опасни димензии и е бомба со задоцнета детонација за економијата на земјата бидејќи создава огромни загуби од даноци, а, од друга страна, шверцуваните тутунски производи на пазарот се со исклучително сомнителен квалитет, предупредува весникот „Вима“, повикувајќи се на грчкиот анализа на Центар за економски истражувања (КЕПЕ).
Според оценки на центарот, нелегалната трговија со цигари во Грција во 2013 година изнесувала 23 отсто, што значи дека секоја четврта цигара во земјата е нелегална.
Во 2010 година незаконската трговија со цигари забележи раст на 10,8 отсто, во 2011 година таа скокна до 14,9 отсто, а во 2012 година достигна 17,2 отсто.
Истражувачкиот центар смета дека шверцот на цигари во следниот период ќе ги надмине сегашните 23 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција