Триесет и четиригодишниот Горан Б. од прилепското село Секирци го загуби животот откако тракторот што го управувал се превртел.
Несреќата се случила вчера околу 22 часот на локалниот пат село Ропотово-Прилеп кога Горан загубил контрола над тракторот, по што се превртел.
Од здобиените повреди прилепчанецот починал на самото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.