Роберт Саздов и Панки, момците од познатото македонско дуо „Куку леле“, ќе направат драстични промени во својот изглед за нивниот нов видеоспот. Тие решија во новиот видеоспот за песната што ја подготвуваат првпат да ги избричат главите.
Можеби кај Панки, промената полесно ќе легне, но композиторот Саздов е познат по својата долга коса која со децении ја негува.
„Куку леле“ ќе прекршат уште една константа, па иако сите нивни видеоспотови се снимани надвор од државата (Њујорк, Венеција,…), овојпат ќе се снима локално. Тие велат дека имаат оригинално сценарио и се многу возбудени пред новиот проект.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.