Книгата раскази „Трезнење“ од современиот словачки писател Јурај Шебеста, во превод на Звонко Таневски, а со поддршка на комисијата СЛОЛИА при Литературно-информативниот центар во Братислава, Словачка, излезе во печот во издание на издаачката куќа „Или-или“.
Занимавајќи се со животите на малите луѓе, во мала средина, расказите од збирката „Трезнење“ на различен начин ја преоблекуваат реалната наметка на современиот свет – независно дали ги конфронтираат своите јунаци со смислата на вработувањето, со планирањето на второто дете, со закупот на гробното место или, пак, со прељубата. Така и суптилно доведуваат до т.н. внатрешно отрезнување на поединецот.
Јурај Шебеста (1964) завршил студии по естетика и теорија на драмска уметност на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Коменски“ во Братислава, а докторирал на Високата школа за музички уметности, исто така, во Братислава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.