| четврток, 6 декември 2018 |

Хрват нуди бесплатен седумдневен одмор во Дубровник за цело семејство

dubrovnik_panorama_625747S1

Хрватот Синиша Мештиќ на својот профил на „Фејсбук“ нуди бесплатен седумдневен одмор во Дубровник во септември годинава, пишува Дубровачки весник.

Тој и неговото семејство се во можност да примат мајка и две или три малолетни деца, а храната, сместувањето и трошоците за превозот во двата правци ќе им бидат обезбедени.

Мештриќ напоменува дека предвид доаѓаат исклучиво семејства со многу тешка имотна состојба и дека предност имаат деца со бронхијални проблеми на кои промената на воздухот би им користела за здравствената состојба.

– Ова го пишувам на мојот ѕид во случај некој од моите пријатели да има предлог, се надевам дека оваа акција ќе се издигне на некое повисоко ниво. На пример, кај другите изнајмувачи на сместувања сите свои апартмани и соби да ги отстапат во период по сезоната на една недела на оние кои никогаш не би можеле сами да си дозволат – пишува Мештиќ.

Пријавите и предлозите може да се испратат во инбокс на „Фејсбук“ или на е-пошта  sinisa.mestric@gmail.com. Дали понудата важи само за Хрватска или и за целиот регион, не е наведено, но можете да проверите. Во секој случај идејата на Мештиќ е доволна провокација за македонските туристички работници да ја применат неговата иницијатива и тука во Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top