Русија е подготвено чесно да работи на изнаоѓање на компромисно решение со Украина, но западните партнери треба да го одработаат својот дел од работата, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се истакнува дека Москва е подготвена да бара компромис за решавање на внатрешниот конфликт во Украина.
– Западните партнери треба да ги исполнат своите обврски и да обезбедат властите во Киев да почнат да разговараат со своите опоненти за надминување на кризата во Украина, врз основа која би била најприфатлива за сите страни, се посочува во сооптението од руското МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.