| четврток, 6 декември 2018 |

Во Белград уапсен македонски државјанин осомничен за извршени „тешки кражби“

Белградската полиција го уапсила М.Д. (38) македонски државјанин осомничен за извршени повеќе кривични дела „тешка кражба“.

Како што денеска соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија, М.Д. е уапсен за време на обивање стан во Белград, а кај него е пронајдена поголема количина накит. М.Д. за кого белградската полиција имала распишано потерница, е осомничен дека во близина на станот во кој сакал да изврши кражба, се обидел да влезе во уште три станови.

Осомничен е дека досега провалил во 12 куќи, стноави, како и угостителски објекти од кои крадел злато, пари, техничка стока и каси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top