| четврток, 6 декември 2018 |

Србинка избодела со нож тројца мажи кои ја силувале

Дваесетитригодишна девојка од Србија која живее во Виена, избодела со нож тројца мажи кои ја силувале откако претходно ја издрогирале.

Таа и тројцата мажи случајно се сретнале пред две вечери во еден клуб, па заедно прошетале низ неколку кафулиња, па на крајот дружењето го завршиле кај неа во станот, во кој била уште една девојка и момче, но во другата соба.

Утрото се разбудила и видела што и се случило, по што зела кујнски нож и ги избодела мажите на возраст од 19 до 21 година.

Полицијата информирала дека Петра, која со ваков псевдоним ја водат австриските медиуми, најверојатно била зашеметена со дрога.

Двајца од мажите се здобиле со тешки убодни рани, додека третиот има повреди на зглобот. Сите тројца се згрижени во болница. Девојката исто така била повредена, па и таа е префрлена на лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top