| четврток, 6 декември 2018 |

Се запали напуштена куќа во центарот на Скопје (Видео)

Пожар избувна во напуштена куќа на булеварот Климент Охридски во центарот на Скопје, попладнево околу 18.15 часот. Огнот бил забележан од случајни минувачи кои веднаш пријавиле во противпожарната служба.

Командантот на противпожарната бригада Скопје, Благоја Менковски за Република соопшти дека три возила веднаш се упатиле на местото и спречиле пожарот да се прошири на околните објекти.

Причините за пожарот за сега не се познати. Се претпоставува дека ненамерно бил подметнат од бездомници кои сакале да се засолнат во напуштената куќа.

Фото и видео: Игор Ангеловски (Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top