| четврток, 6 декември 2018 |

Италијанската министерка одби да коментира дали во Солун се разговара и за името

mogerini

Италијанската министерка за надворешни работи, Федерика Могерини, денеска одби да одговори на прашањето на МИА дали на министерската конференција во Солун се разговара и за прашањето за името на Македонија.

Могерини на прашањето дали на министерската конференција ЕУ-Западен Балкан во Солун се разговара за прашањето за името меѓу Грција и Македонија и што таа мисли за овој проблем, одговори дека „сега зборува за содржината на состанокот“.

Могерини рече дека денешниот состанок е многу конкретен, и има симболичен аспект потсетувајќи на Солунскиот самит од 2003 година.

– Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ сѐ уште е приоритет. Грчкото претседателство и италијанското кое почнува на 1 јули работат и ќе работат тоа да се оствари. Да, потребни се конкретни чекори од страна на балканските земји, но мора, исто така, да имаме кредибилитет и од страната на ЕУ и да продолжиме по патот на интеграцијата – истакна Могерини и рече дека италијанското претседателство со ЕУ ќе ги вложи сите напори за да постигне нешто конкретно.

Италијанската министерка за надворешни работи, исто така, информира дека на самиот почеток од италијанското претседателство со ЕУ, односно на почетокот на јули ќе ги посети сите главни градови на земјите од Западен Балкан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top