Нискотарифниот авиопревозник „Виз ер“ го објави зимскиот ред на летање за 2014 година за Македонија. Мрежата на унгарската компанија, која ги користи услугите на аеродромот „Александар Велики“, со кој раководи „ТАВ Македонија“, ќе вклучува вкупно 14 дестинации во осум различни земји.
Компанијата во зимскиот период ќе сообраќа до Париз, два пати недело, до Ајндховен, Минхен и до Лондон (по трипати неделно) и до Малме четири пати во текот на една седмица.
-„Виз ер“ со задоволство го претставува својот зимски ред на летање за Македонија. Многубројни возбудливи дестинации, како Париз, Лондон и Малме, се веќе достапни по ниски цени од Скопје. Се надеваме дека нашите 14 интересни зимски летови ќе донесат многу насмевки во Македонија. Билетите за зимскиот распоред на патување за 2014 година веќе може да се купат на нашата веб-страница – вели претставникот на „Виз ер“, Даниел де Карваљо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дојде живот: „Виз ер“ ги укинува летовите од Скопје до Барселона и Ваксјо како и од Охрид до Лондон
-
„Ер Франс“ формира своја авиокомпанија за евтини летови
-
Најевтините места за одмор за 2017: За среќа голем дел од нив достапни за Македонците
-
Истрагата покажа кои се виновниците за падот на авионот со фудбалерите на Чапекоенсе



