| четврток, 6 декември 2018 |

Чарли Чаплин добива музеј во Швајцарија

чарли чаплин

Американската филсмка и комичарска легенда Чарли Чаплин ќе добие музеј во Швајцарија. Како што пренесува „АП“, музејот ќе биде сместен во куќа на Женевско Езеро во која славниот актер, режисер и сценарист ги минал своите последни години од животот.

Зад овој проект, вреден 50 милиони швајцарски франци (57 милиони долари), стојат три деца на Чаплин – Мајкл, Јуџин и Викторија – со своите деловни партнери. Музејот, кој следните генерации треба да ги запознае со иконата на кинематографија на 20 век, ѕвездата на немиот и звучниот филм, треба да биде отворен за јавност во 2016 година.

Чаплин, кој почина во 1977 година, последните 25 години ги мина на имотот во Швајцарија.

Тој е еден од најпрепознатливите ликови во историјата на филмот и еден од најголемите комичари на сите времиња. Американскиот филмски институт го стави на 10. место на листата на 100 најголеми актери на 20 век.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top