„Мојата приказна во Црвениот крст/Црвената полумесечина“ е мотото со кое се одбележува 151 година од постоењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Во одбележувањето на 8 мај – Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина ќе се вклучи и Црвениот крст на Град Скопје. Ќе се спроведува и кампања која ќе ги промовира вредностите, мисијата и принципите на движењето во периодот од 8 мај до 5 декември годинава.
Централниот настан ќе се одржи вечер, со почеток во 19 часот, кај Спомен-куќата на Мајка Тереза. Предвидено е да се обрати скопскиот градоначалник Коце Трајановски. На настанот ќе присуствуваат соработниците на Црвениот крст и повеќе јавни личности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.