Продолжуваат хаосот во најголемата опозициска партија во државата во пресрет на партискиот конгрес. За само 24 часа јавноста слушна серија обвинувања меѓу Црвенковски, Заев и Пендаровски во кои меѓусебно се нарекуваа лажговци.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев синоќа во изјава за „24 Вести“ повторно тврдеше дека имал средби со Пендаровски и му се извини на неговиот претседателски кандидат за објавената информација за средбата што обајцата ја имале вчера.
– Со Пендаровски се гледаме редовно. Средбите како денешната се во четири очи. Јас искрено жалам доколку Стево Пендаровски поради изнесените информации од овие средби во јавноста, без да го консултирам, доживеал некаква непријатност. Но, реално неговиот став е кажан, секако и пред вас и пред мене – изјави Заев.
Изјавата на Заев е кулминација во хаосот што се случува во партијата по изборниот дебакл. Последната реакција на Заев беше предизвикана од интервјуто на експретседателот на партијата Бранко Црвенковски за „Дојче веле“ во кое тој му порача на Заев дека не му е повеќе местото во партијата, изразувајќи симпатии кон Пендаровски.
Во меѓувреме, со прва реакција се јави Заев, кој тврдеше дека Црвенковски лаже дека не разговарал со Пендаровски и дека Пендаровски лично му кажал за тоа, како и дека нема амбиции за претседателската фотелја на СДСМ.
Потоа се јави Пендаровски со обвинување до Заев дека лаже за нивната средба и за разговорот со Црвенковски.
На крај следуваше оваа изјава на Заев во која, пак, сега тој тврди дека лаже и Пендаровски…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Заев за грчки „Еуроњуз”: На Македонија не ѝ се потребни избори