На кратко и локално го прекинуваме трендот на стабилно време овој четврток. Мала до умерена облачност се очекува претпладне. Попладне во западниот дел од земјата се очекува локална нестабилност, која ќе резултира со дожд и со грмежи. Условите за нестабилност во источниот регион се релативно мали.
Минималната температура во поголем дел од Македонија ќе се спушти до вредност 8 Целзиусови степени.
Максимална температура околу 20 елсзиусови се очекува во западниот дел од земјава, а во источниот регион околу 22 Целзиусови степени. Јужниот дел од Повардарието очекува максимална температура, која ќе достигне вредност 24 Целзиусови степени.
Во скопската котлина се очекува умерена облачност со услови за краткотрајна локална нестабилност попладне. Минималната температура ќе се „спушти“ до 9 Целзиусови степени. Дневниот максимум на температурата ќе достигне до 23 Целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.