| четврток, 6 декември 2018 |

Откриена супер тајна скривница на ЦИА

cia skrivaliste

Камп Стенли е тајна локација на ЦИА од каде се вооружуваат бунтовниците од Никарагва до Авганистан. Локацијата на ова место никогаш до сега не била позната на јавноста, пишува My San Antonio.

Пензионираниот аналитичар на ЦИА Ален Томсон објави документи кои укажуваат на тоа дека Камп Стенли е трет познат магацин на ЦИА лоциран во САД.

Повеќекратните барања за посета на магацинот биле одбиени.

– Да бидеме уште подраматични, им поставивме прашање, колку АК-47 и РПГ-7 со кои располагаат исламистите минале низ овие магацини во последните десетлетија, вели Томпсон.

Камп Стенли е сместен на подрачје од околу 1.600 хектари, има блокиран влез, а од јавна површина се гледаат само неколку згради, додека сателитските снимки покажуваат десетици бункери и други згради во кои се складира роба.

Мисијата на Камп Стенли е да прими, снабди и осигура нарачки на материја, како и осигурување на квалитетно воено оружје и муниција, вели Фил Реидингер, портпарол на Воено медицинскиот центар.

Во 2012 година фотографот на весникот Сан Антонио Експрес сведочел дека забележал нисколетачка огнена топка во близина на Камп Стенли но објектот никогаш не бил идентификуван. Метеоролозите велат дека тоа можело да биде остаток од метеор кој паѓал на Земјата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top