| четврток, 6 декември 2018 |

Оваа жена ја чува група елитни терористи: Подготвени се да го убијат секој што ќе и се доближи!

Британката Саманта Лутвејт (30) позната како „белата вдовица“ е клучната личност на смоалиската екстремистичка група „Ел Шабаб“ и најопасната жена на светот. Неа ја чуваат во секој момент единица од елитни исламски терористи, кои се подготвени да го убијат секој што ќеи се доближи. Се верува дека токму таа е виновникот за нападот на трговскиот центар во кенискиот град Најроби каде загинаа 67 лица. Оттогаш е многу почитувана меѓу исламските терористи и борците на Ал Каеда, кои ја чуваат и постојано го менуваат местото на нејзиниот престој за да се избегне нејзиното апсење.
Родена е во британскиот град Ејлезбур во Бакингемшир, Саматна Лутвејт е мајка на четири деца, а дури откако пораснала се преобратила од христијанство во ислам. Полковникот на сомалиската војска за бритнаскиот весник „Дејли мирор“ рекол дека токму таа е еден од водечките личности на исламистичката група која се доведува во врска со Ал каеда и дека по неа интензивно се трага. Последен пат е видена во близина на градот Бајдо, каде се водат битки со 8.000 терористи, но и покрај потерницата и покрај тоа што ја бараат 10.000 војници на Обединетите нации, таа успеа да избегне апсење.
-Најдобрите борци на екстремистичката група Ел шабаб ја чуваат и постојано ја преместуваат користејќи камили, рече полковникот.
Инаку, се смета дека Лутвејт подготвува напади со кои планира да се освети за смртта на водачот на Ал Каеда, Абубкар Шариф Ахмед, кого минатиот месец го застрелаа непознати напаѓачи во близина на џамијата во кенискиот град Момбаса. Се верува дека токму тој го иницирал доаѓањето на Британската во редовите на исламските терористи. Од неговата смрт бројот на брутални напади кои ги спроведуваат екстремистите драстично е зголемен. Се претпоставува дека Ел шабаб само минатата недела убила седум лица во Момбаса и Најроби.
Саманта Лутвејт била жена на бомбаш самоубиец, Џермејн Линдсиј, кој се дигнал во воздух себе си во лондонскиот воз. Интерпол издаде за неа црвена потерница веднаш по терористичките напади во момбаса во 2011 година. Се смета дека Британската минатата година лично наредила убиства на двајца муслимански имами, два протестански свештеници и уште три личности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top